Ја убиле поради политиката, иако семејството им платило откуп на киднаперите


Мексиканката Исарве Кано Варгас е киднапирана и потоа убиена иако нејзините родители им го платиле на киднаперите бараниот откуп од 130.000 долари, јавува „Дејли мејл“. Нејзиното киднапирање следувало недолго откако се нашла со 21-годишниот Џисус Караско Лопез, син на локалниот политичар и неговите пријатели.

dje01_837401S1
Варгас, правнука на поранешен политичар и внука на висок функционер, е пронајдена мртва откако исчезнала минатиот месец. Според наводите на полицијата, Лопез, син на поранешниот локален политичар Ангел Караско Ривера, им се јавил на родителите на тинејџерката па од нив побарал два милиони пезоси за нејзино ослободување.

Иако семејството платило огромна отштета, киднапираните барале дополнителни 140.000 пезоси, дополните 9.000 долари.
Семејството се обратило на полицијата дури откако киднаперите ја побарале втората отштета.

– Веруваме дека киднаперите стравувале дека девојката ќе ги препознае и одлучиле да не ризикуваат – објаснил портпаролот на полицијата.

Телото на 21-годишната Варгас е пронајдено 20 км надвор од градот Кокскатлана каде киднаперите ја исфрлиле. Лопез заедно со соочесниците е уапсен и е задржан во притвор.

Иако првите информации наведуваат дека Варгас е задавена, деталните информации ќе бидат достапни дури по објавувањето на форензичката анилиза.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1