„Не сакаше да ми признае дека ме изневерува. Ја убив поради тоа што бев љубоморен“. Со овие зборови, 26-годишниот Љубиша Васиќ раскажа за убиството на својата невенчана сопруга, 23-годишната Злата Николиќ, која со голи раце ја задави самиот тој.
– Гледав снимка од роденденот на синчето, ме иритираа фотографиите на Злата. Не сакаше да ми признае барем дека ме изневерува. Бев испровоциран, тој ден излегов од затвор. Збеснав од љубомора и затоа ја убив. Навистина се каам, изјавил убиецот.
Како што пренесува српскиот Курир, на Васиќ му е одреден притвор од 30 дена.
Инаку, на 18-ти тој со перница ја задави девојката во куќата на нејзините родители, па со кармин напиша, Ја убив ку*вата. Потоа отишол кај кумот и признал што направил, па се предаде на полицијата.