Група туристи кои вечерва ќе се вратат од Грција во Србија ќе ја заобиколат Македонија и ќе се вратат преку Бугарија, јави Блиц.
Повеќето туристички автобуси со српски туристи кои преку агенциите организирано одат на летување во Грција тргнуваат по 15. мај, така што засега има само еден автобус кој треба да се врати и тој ќе биде пренасочен на границата со Бугарија.
Српските медиуми ги советуваат своите државјани кои се враќаат или одат накај Грција доколку можат да ја избегнат Македонија. Телеграф.рс објави и мапа со алтернативни патишта.