Еден 25-годишен човек, кој со својот тригодишен син скокнал од 9. Кат од зграда во Шенова, во близина на Дижон, загинал на самото место, додека детето починало во болница.
Човекот скокнал од зградата по кавга со 23-годишната сопруга која е тешко повредена.
Мајката е хоспитализирана со сериозни изгореници во болницата во Дижон, и се наоѓа во критична состојба, пренесе АФП. Според пишувањето на Фигаро, таткото ја запалил поранешната девојка со супстанца која се уште не е идентификувана.
Спорд пишувањето на тој француски весник, таткото ова го направил по одлука на судот на мајката да и се додели старателството врз синот.
И натаму се чека официјалното соопштение од француската полиција.