Фрагмент од череп ископан од антрополози во Танзанија, покажува дека нашите древни предци јаделе месо уште пред 1,5 милиони години, оставајќи нова светлина во еволуцијата на човековата физиологија и развојот на мозокот.
„Конзумацијата на месото отсекогаш се смета за една од работите кои не направиле луѓе, со протеините во него, кои придонесуваат за раст во мозокот“, вели Чарлс Мусиба, вонреден професор по антропологија на Универзитетот во Колорадо Денвер.
„Нашата истражувања покажуваат дека пред 1,5 милиони години ние не сме били Опортунистички месојадци. Некогаш за да се прехранат, нашите предци ловеле и месото го јаделе живо, но понкоаш не успевале во ловот и морале да се прехранат со растителна исхрана“, вели Мусиба
Двеинчниот фрагмент од черепот кој бил пронајден во северна Танзанија, бил претставен на јавноста, првично на сајт, кој со децении се занимавал со откривање стории поврзани со бројните индиции во еволуцијата на современите луѓе, која понекогаш ја нарекуваат и „лулка на човештвото“.
Фрагментот му припаѓал на двегодишно дете и покажува знаци на поротик хиперостоза поврзана со анемија. Според студијата, состојбата е веројатно предизвикана од начинот на неговата исхрана. А штетните влијанија настанле откако престанало да конзумира месо.
„Присуството на анемија е предизвикана од поротик хиперостоза, која индиректно покажува дека месото станало толку суштинско за правилното функционирање на мозокот, што недостатокот од истото, доведува до штетни паталошки состојби“, се вели во студијата. Одредени фосили на малите деца во периодот пред 1,5 милиони години се толку ретки, што досега речиси и да се нема никави информации за исхраната и здравјето на Античките популации во длабокото минато.
Мусиба изјави дека доказите покажуваат дека исхраната на малолетникот, во тој период, била со недостаток на витамин Б12 и Б9. А периодот на одвикнување од истото било во моментот кога истото не им било во ограничени количини или речиси го немало.
„Според нашите податоци, детето не ги добивало соодветните хранливи материи и најверојатно починало од неухранетост“, изјавила Мусиба.
Студијата нуди увид во еволуцијата на Хоминидите, вклучувајќи ги и Хомо сапиенс. Мусиба изјави дека во периодот од нашите предци кои што конзумирале исклучиво растителна исхрана, до животот во кој конзумирале постојано месо, во значителна мера, месото допринело за проток на протеините кои биле потребни да се развијат нашите мозоци и да ни даде еволутивен поттик. Некои од научниците тврдат дека сме станале луѓе кога сме станале месојадни суштества.
„Конзумацијата на месо е поврзана со развојот на нашиот мозок. Мозокот е голем орган и бара многу енергија. Почнуваме да размислуваме за поврзаноста помеѓу експанзијата на мозокот и високата протеинска исхрана“, вели Мусиба.
Луѓето се еден од ретките преживеани видови со голем мозок, во однос на големината на телото. Шимпанзата, нашите најблиски роднини, јадат помалку месо и имаат далеку помал мозочен капацитет отколку луѓето. Тоа не одвојува од нашите далечни роднини. Прашањето е што е тоа што не поттикнува да јадеме месо? Дали е тоа промената на животната средина? Дали е проширувањето на мозокот? Засега не е утврдено.
Четири студенти кои учествуваат во CU Денвер во Танзанија, теренското училиште, беа на местото на настанот кога беше откриен черепот на малото дете.
„Тоа беше големо искуство за нив. Се надеваме дека ваквите откритија ќе инспирираат голем број на студенти да дојдат во Африка и да ни помогнат да дојдеме до одговорите на прашањата со ваквите нови откритија.