Јадете чоколадо, наполетанки, штрудлички – погледнете колку шеќер внесувате и што ви прави (Фото)


Шеќерот не дава енергија туку од преголемата количина ќе ви се приспие. Кога го јадеме панкреасот произведува хормон инсулин за да го отстрани шеќерот од крвотокот и да го однесе до клетките за создавање енергија. Но преголемата количина шеќер во крвта нагло го поттикнува излачувањето на голема доза инсулин. Набрзо доаѓа до нагло опаѓање на шеќерот што резултира со замор. Ако во исхраната се користи бел шеќер – сахароза, значителен дел од сахарозата не се разградува до прости шеќери, туку останува неискористена и како таква директно влијае на зголемувањето на мастите во организмот.

Krem-Bananica-Najlepse-zelje-secerБелиот шеќер не само што не ги содржи витамините и минералите, туку тој предизвикува и губиток на некои од нив. Така на пример, шеќерот предизвикува губиток на хром од организмот, па телото треба овој минерал да го извлекува од своите резерви. Истото се случува и со калциумот, фосфорот и железото. Со консумирање на бел шеќер слабее и контролата на нивото на шеќерот (гликоза) во крвта. Во екстремни случаи може да доведе до развој на шеќерна болест (дијабет), која денес е во постојан пораст.

Решение не е ни кафениот шеќер бидејќи, иако содржи нешто минерали, тој во организмот се разградува исто како и белиот шеќер.

Со други зборови, со користење на бел шеќер може да дојде до оштетување на панкреасот, до појава на шеќерна болест, до појава на кариес кај децата, до развој на кардиоваскуларни заболувања, до пораст на триглицеридите во крвта, до зголемување на крвниот притисок,  остеопороза, за послабо функционирање на одбрамбениот организам и за појава на кардиоваскуларни заболувања.

Губиток на концентрација, депресија, вознемиреносст, анксиозност, хиперактивност (посебно кај малите деца) па дури и агресивност и насилно однесување се пореметувања кои се поврзуваат со повеќегодишното консумирање на шеќерот.

Вашиот омилен сладок десерт има многу шеќер а со тоа калории. Сега лесно можете да израчунате колку. Секоја коцка има по 3 грама шеќер.

kocke-secera-12

kocke-secera-16

kocke-secera-13

kocke-secera-10

kocke-secera-14

kocke-secera-11

kocke-secera-9

kocke-secera-8

kocke-secera-5

kocke-secera-4

kocke-secera-6

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1