Остатоците од антибиотици во месото можат да ги уништат „добрите“ бактерии кои се додаваат при производството на саламите.
Дали знаете дека бактерите од млечно-киселата ферментација се додаваат во одредени производи од месо за да можат со ферментирањето да создадат млечна киселина, односно неповолни услови за растење и развој на патогени бактерии. Меѓутоа, ако во месото заостанат антибиотици користени при одгледувањето, тие ќе ги убијат бактериите на млечно-киселото фементирање и на тој начин ќе им овозможат на патогените – салмонела и ешерихија коли, да растат.
Новото истражување на научниците од Копенхаген открило дека и ниското ниво на заостанати антибиотици, дозволена со закон во САД и во Европската Унија, можат да им наштетат на „добрите“ бактерии.
Антибиотиците од месото се веројатно причина зошто понекогаш и покрај добрата производствена практика може да дојде до труење со храна предизвикана од консумирање, на пример, ферментирани колбаси.