Јахта за џет-сет – Каква е јахтата на Трифун? Субрата Рој го шетале со таа јахта (Видео/Фото)


Каков е бродот што државата му го одзеде на бизнисменот Трифун Костовски.

atlantis-gobbi-315-sc-04104050110667505466535157654548xЛуксузна јахта што чини стотина илјади евра. Во неа може да се сместат најмалку седум гости, има четири легла во кабината плус долен дел, удобна пилотска кабина, уредена кујна, тоалет, развива брзина и до 50 километри на час. Ова се основните карактеристики на јахта од типот „Гобби 315“, каква што поседуваше семејството на бизнисменот Трифун Костовски до пред седум години, кога му беше одземена од државата поради, како што тврдеа институциите, неплатена царина. Бродот сега е во рацете на Езерската полиција во Охри, Пишува Утрински Весник.

Познатиот бизнисмен во вчерашниот разговор за „Утрински“ демантира дека категорично тврдел оти во бродот се вози Иванов, туку дека „си ја препознал јахтата на прославите на Охридскиот маратон, а на кој е покровител претседателот на државата“. Костовски не можеше да потврди каков тип е бродот, не можеше точно да ги каже ниту карактеристиките, бидејќи, како што рече, најчесто ја користел неговиот син Коста.

gobbi315sc-5„Тоа беше модерна јахта, со кабина која може да собере друштво од десетина луѓе. Долга десетина метри, луксузно опремена“, вели Костовски.

Слична јахта вчера можеше да се најде на интернет. станува збор за луксузен брод, со должина од 10,2 метри, волтажа – 12 В, сила на машината 2х225 ХП, делот под вода е 0,8 метри, дизел-машина од шест цилиндри, брзина до 50 км/час. Удобна управувачка кабина, во долниот кат има две кабини, во едната има два кревета, во другиот уште два. Има телевизор, скапа музичка опрема, два фрижидера, подвижни седишта…

Инаку, јахтата на Костовски е закотвена во малата марина на Сообраќајната езерска полиција во каналот Студенчишта. Иако немаме официјална потврда дека ја користел претседателот Иванов, располагаме со фотографии дека пловилото го користеле некои министри за да шетаат по езерото со гости на Владата. Така, на пример, со јахтата се возел индискиот милијардер Субрата Рој кога беше во Македонија и дојде во Охрид да ја види локацијата на која требаше да гради хотелски комплекс. МВР треба да го даде одговорот дали со нивниот правилник е дозволено тоа.

Повеќе на – Утрински весник

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1