Оваа победа е за нас да имаме што подобар живот, подобар за сите. Бидете среќни и спокојни, во Струмица ќе има слобода и живот за сите, изјави вечерва новиот струмички градоначалник, специјалистот по интерна медицина, Коста Јаневски.
Тој им се заблагодари на своите сограѓани кои во голем број излегле на денешните локални избори и го дале гласот за него. Победата на СДСМ во Струмица се слави пред зградата на Општина Струмица и по градските улици.