Јанкулоска: Заев го достигна врвот на монструозноста, ова е вистината за загинатото момче


Зоран Заев денес го достигна врвот на монструозноста. Ова го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Министерката посочи дека досега се воздржувале од нападите од најдолен вид, но денес таа реагира затоа што, како што вели, Заев во својата политичка агенда на монструозен начин ја злоупотреби трагичната смрт на еден млад човек.

jankulovska

Јанкулоска вели дека од денешната прес конференција на Заев се потврдија неколку работи:

-Прво, во првичните моменти, со оглед на тоа што не постоеше никаква формална пријава МВР немаше никаква информација дека се случило убиство. Второ, веднаш откако ја добивме информацијата,  дури и по неформален пат, мобилизирани се сите сили, вложени се максималните напори и превземени се сите активности за да се открие извршителот на убиството. Трето, истрагата што ја водевме, го откри вистинскиот сторител на убиството. Четврто, во ниту еден момент ниту МВР, ниту било кој друг политичар или функционер не само што не го скрива убиството, туку сите сили, сите ние се трудевме сторителот да биде изведен пред лицето на правдата, рече Јанкулоска.

Обвинувањата на Заев се апсурдни, рече Јанкулоска, но ниту обвинувањата ниту драматичните изјави кои лидерот на СДСМ ги дава, не можат да ја сокријат вистината.

 

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1