Јапонија одбележува 67 години од Хирошима


Јапонија денеска ја одбележува 67-годишнината од првиот нуклеарен напад на светот. Над 50 илјади луѓе се собраа во Меморијалниот центар во Хирошима, близу епицентарот на експлозијата во 1945 година, за време на Втората светска војна, за да им оддадат почит на 140-те илјади загинати.

Во експлозијата на втората атомска бомба која го погоди Нагасаки на 9-ти август, исто така загинаа илијадници луѓе.

Покрај огромниот број на загинати, атомската експлозија им остави трајни последици на илијадници луѓе, а уште долга низа години, во околината на Хирошима и Нагасаки се раѓаа деца со аномалии и деформитети.

На церемонијата која започна со звук на ѕвоно и едноминутно молчење во храмовите, имаше претставници од 70 земји, а почит на загинатите им оддаде и Клифтон Труман Даниел, внук на американскиот претседател кој нареди фрлање на атомските бомби во овие два јапонски града, Хари С. Труман.

Внукот на Труман, на конференцијата за новинари одби да даде одговор на прашањето,  дали одлуката на дедо му била исправна. Американската влада, за првпат на церемонијата за Хирошима се појави пред две години.

„ Јас сум две генерации помлад. Мојата задача е да направам се’ што е можно веќе никогаш да не се употребува нуклеарно оружје“, изјави Клифтон Труман Даниел.

 

Градоначалникот на Хирошима, Казуми Мацуи рече дека оние кои го преживеале нападотсега во просек имаат околу 78 години и добро се сеќаваат на најстрашното нешто што им се случило во животот, и додаде дека жртвите од нападот нема никогаш да бидат заборавени.

Јапонскиот премиер,Јошихико Нода додаде дека последиците од искуство мора да се пренесуваат од генерација на генерација, но никогаш да не се повтори ваков грозоморен акт во кој животот го загубија илијадници невини луѓе, а огромен број останаа со трајни последици по здравјето.

Share Button

Tags: ,

Ивана Терзиевска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1