„Јас сум Теа, имам 12 години и се мажам следниот месец за човек кој има 37 години!“


Најавата за мажачката на 12-годишно девојче со 37-годишен маж предизвика бурни реакции во јавноста, а многу читатели случајот го пријавиле на социјалните служби и на полцијата. Случајот кулминирал кога се утврдило дека станува збор за кампања.

„Јас сум Теа, имам 12 години и се мажам следниот месец“ – стои на блогот на едно девојче од Норвешка кое наскоро по оваа објава стана најчитаниот блог  во земјата.kampanja-2

Норвешката јавност на овој начин го свртела вниманието на домашната и светската јавност, но и на одговорните институции, за проблемот за присилното мажење на малите девојчиња кој во некои култури се уште е пракса.

– Веруваме дека провокацијата е моќна алатка со која се демонстрира стварноста. А стварноста всушност е таа која е провокативна. Се надеваме дека кампањата ќе ја освести јавноста за проблемот со детските бракови – изјавиле авторите на кампањата од организацијата „План интенејшнл“ за весникот „Индипендент“.

kampanja-1
Застрашувачки е фактото дека секој ден во светот дури 39.000 девојчиња присилно се мажат во поголемиот случај за значително постари мажи, а зад тој грозен чин главно стојат родителите кои се повикуваат на традицијата.

Во некои земји на Западна Африка и Бангладеш две од три девојчиња присилно се мажат пред да навршат 18 години, истакнале организаторите на кампањата.kampanja

Датумот на „венчаката“ на 12-годишната Норвежанка и 37-годишниот маж, која може да се следи и преку Фејсбук страницата на кампањата, е закажан на Меѓународниот ден на девојчињата кој се одбележува на 11 ноември.

– Ова е проблем  кој не засега сите нас – порачуваат авторите на кампањата.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1