На административниот премин Брњак, по распишана потерница на Интерол уапсен е Б.Б. од Куманово.
Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денес изјави дека лицето е осомничено за учество во терористичките напади во Македонија од јануари до мај.
Од македонското Министерство за внатрешни работи потврдуваат дека лице, осомничено дека било дел од групата јатаци на терористите од Куманово е уапсено денес, но повеќе детали ќе соопштат во текот на денот.