Принцот Хари забременил 19 годишна девојка – ќе стане татко а кралицата била лута


Извор на американски магазин тврди дека Хари ќе мора да признае на девојката која кралското семејство сигурно нема да ја прифати за снаа.

Помладиот син на Принцот Чарлс, принцот Хари, наводно му соопштил на неговото семејство дека ќе стане татко. Оваа информација ја збеснала кралицата Елизабета, пишуваат американските медиуми.hari500

Принцот наводно и направил дете на деветнаесет годишна  девојка, со која бил само една ноќ, што наводно предизвикало бес кај кралицата.

Извор на американскиот магазин тврди дека на Хари „лудувањето“ му се удри од глава и дека сега ќе мора да признае дете од девојка која кралското семејство сигурно нема да ја прифати за снаа.

-Тоа дека Хари ќе направи дете на некоја од лудите забави, каде е редовен гостин, беше најголемиот страв на кралицата и ете се случи. Иако го обожува Хари, таа ќе стори се да ова околу детето остане далеку од очите на јавноста како и да детето на Хари нема ист третман  како децата на Вилијам, принц Џорџ и принцеза Шарлот“, тврди изворот.

Британските медиуми веднаш го осудија пишувањето на американските колеги, демантирајќи ги наводите дека Хари ќе стане татко. Од кралското семејство засега никој не се огласи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1