Од 26 до 28 јули во Кастел во Бања Лука се одржува еден многу убав фестивал, на кој се спојуваат млади демо бендови од сите бившо ју републики и се натпреваруваат за награда.
Од Македонија на Јелен Демо фест 2012 два бенда ќе си ги одмерат силите, со другите бендови, а во официјалната натпреварувачка програма вкупно се 31 бенд.Тоа се „Дан Рајс“ од Скопје и битолчаните „Дед шот“.
„Дeн Рајс“ е алтернативен фанк рок бенд формиран на 26 септември 2009 година, а претходно беа познати под името Whatever. Првата свирка им е на „Тотал Демо фест 2011“ каде во финалето земаат прво место од публика. Во следниот период прават голем број свирки меѓу кои најзначајна е на промоцијата на “Report”, и вториот албум на “High Control“. Во меѓувреме го снимаат првото демо од шест песни заедно со Михаил Намичев од 22 Records. После промена на басистот и името во Dan Rice спремаат нов материјал и за прв пат го презентираат на 22 Rrecords festival vol.1.
Го снимаат второто демо сами со име “Garage demo” и добиваат награда за снимање на аудио и видео(спот) материјал од факултетот за аудиовизуелни уметности EСРA. Моментално спремаат материјал за првиот албум. За себе велат – Дeн Рајс е најпознатиот човек за кој никогаш не сте слушнале. Започнал како кловн во Америка, заминал како сè. Придавајќи му го името Whatever на бендот, навлеговме во кловновскиот дел од нашиот музички пат, а ерата во која навлеговме како „Дeн Рајс“ е периодот кога ќе заминеме како сè- мислејќи на победа, ветуваат момците.