Јелена Марјановиќ му пружила жесток отпор на напаѓачот кој крвнички ја удирал, за на крајот да ја среди со тап предмет и телото да го фрли во канал и да избега
Телото на несреќната пејачка Јелена Крсмановиќ Марјановиќ од Борча, која исчезна во саботата беше пронајдено вчера околу 13 часот во канал под насипот во населбата Црвенка во Борча. Пејачката на Гранд била убиена со тап предмет, најверојатно чекан. Беше пронајдена на два километри од местото каде што била последен пат видена.
Курир.рс дознава дека се борела со напаѓачот, сета крвава бегала од него, но тој ја стигнал и ѝ нанел смртоносни повреди, ја фрлил во каналот и избегал.
Сопругот на Јелена. Зоран, неколку часа беше испитуван во полиција, која сè уште трага по напаѓачот.
Сопругот на Јелена на рацете има видливи повреди, а тој го пријави исчезнувањето на сопругата четири часа од моментот кога таа заминала да трча. Јелена е пронајдена со искината облека. Најмногу расекотиниимашена главата, но и неколку убоди по телото. Колку се борела засвојот живот покажува и фактот дека од главата и биле искубани неколку прамени од косата, открива извор близок до случајот.