Јелена убиена од разбојник со кој наводно била во тајна врска?!


Најновата теорија за убиството на Јелена Крсмановиќ, гласи дека пејачката е убиена од страна на разбојник од Забел со кого наводно од неодамна била во тајна врска.

По затворениците во Забел веќе се шири оваа приказна, дека тој разбојник бил во врска со пејачката подолг период, а ја усмртил кога добил слободен викенд.policija-jelena-marjanovic-620x350-50244

Времето на убиството се поклопува со податоците, бидејќи пејачката исчезнала во саботата навечер, а затвореникот по оваа теорија тој ден добил дозвола на два дена да оди до својот дом.

Бидејќи добро се познавале, тој бил упатен за тоа каде таа се движи, знаел каде и кога таа се движи, па лесно можел да ја пречека некаде кај патеката за трчање и да го изврши монструозното дело.

Теоријата за злочинот се вклопува бидејќи Јелена е убиена крвнички со 30 удари од бејзбол палка.

А мотивот се крие во тоа што Јелена на затвореникот му кажала дека, и покрај наводната паралелна врска со него, не сака да го остави нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1