Јохан се враќа дома во Мај


Единствениот Македонец осуден од Хашкиот трибунал во март 2013 година отслужува осум години или две третини од 12 годишната затворска казна поради настаните во скопското село Љуботен од 12-ти август 2001 година, пишува неделникот “Република“.

“Доколку Трибуналот се согласи, одлуката влегува во сила три месеци по отслужувањето на двете третини, односно во мај Јохан конечно ќе си ги види двете дечиња, Соња, Љубанци и цела Македонија која ги трпи неправдите преку неговиот грб“, пишува “Република“.

Пред две години, апелацискиот трибунал во Хаг ја одби жалбата на Јохан, иако и тогаш важеа споменатите елементи, но сепак  судот не го зеде тоа во предвид.

Случајот на Тарчуловски со случајот на хрватските генерали Анте Готовина и Младен Маркач не се споредуваат. Ова го вели познатиот хрватски аналитичар и професор Жарко Пуховски во краткото интервју за “Република“, кое го пренесува Макфакс.

Share Button

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1