Јован Илиевски е избран за судија во Европскиот суд за човекови права – Најчевска лута


Изборот на Јован Илиевски, обвинител од Одделот за организиран криминал и корупција за судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права е големо признание за македонскиот правосуден систем.jovan-ilievski

Парламентарното Собрание на Советот на Европа со тајно гласање го изгласа обвинителот Јован Иливески да биде новиот судија од Македонија во Европскиот суд за човекови права.

Илиевски е избран со 106 гласа, останати кандидати од Македонија беа Наташа Габер-Дамјановска и Звонимир Јанкуловски.

По неговиот избор, веднаш на Фејсбук се огласи Мирјана Најчевска

untitled-4
Советот на Европа со изборот на Јован Илиевски за судија во ЕСЧП покажа дека ја поддржува фашистичката власт во Република Македонија. Еден единствен кандидат да беше, не смееше да биде избран, а во споредба со Наташа …
И јас дефинитивно немам верба во овој суд. Немам верба дека е составен од луѓе кои можат да судат врз основа на ЕКЧП.
Срамна и бедна одлука на Советот на Европа која ќе има далекусежни последици не само врз Македонија туку врз секој иден случај кој ќе дојде пред судот, а кој ќе биде решен со мито.
Ова беше местото каде што се бараше конкретна одлука на европските држави да покажат кого го поддржуваат во оваа држава.
Не продавање пуфки, не држење лекции, не држење предавања.
Требаше да изберат.
И тие избраа.
Јасно и гласно ја поддржаа мафијата.
Срам да ви е, напиша Најчевска на Фејсбук.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1