На социјалните мрежи се шират фотографии од расфрлани обувки на Скопска Црна гора, меѓу Чучер Сандево и Горно Блаце.
Загрижени граѓани на социјалните мрежи објавуваат фотографии од депонија полна со обувки на локација, како што наведуваат, на Скопска Црна Гора.
Граѓаните бараат комуналната инспекција да излезе веднаш на терен и да го пронајде несовесниот загадувач, а обувките да бидат собрани и донирани.
Локацијата на расфрлените чевли е на половина пат меѓу село Чучер и Горно Блаце, 500 метри под патот, наведуваат граѓаните. Според она што може да се прочита на социјалните мрежи каде што е објавена фотографијата, патиките не се во пар, туку или се само леви, или пак само десни.
извор: А1он.мк