КАДЕ СЕ Е ЗАБРАНЕТО ДА СЕ ДОИ БЕБЕТО


Дали знаете дека покрај базен е дозволено да се руча, но не и да го подоите своето дете! Мајките откриваат на кои се (необични) места доживеале непријатности кога се обиделе да го нахранат своето бебе…

Меѓутоа, и покрај тоа што малку луѓе умеат да објаснат поради што им е непријатно кога мајката сака да го нахрани своето дете во паркот, и покрај се почестите наоди на научните истражувања за бенефитот кое мајчиното млеко го има за здравјето на детето, жените се уште се среќаваат со овој проблем. И да биде уште полоша работата, на некои места во Америка, но и ширум светот, исклучително е забрането доењето.


doenjeСУДНИЦА

Во октомври минатата година, маладата мајка Лори Трикл е обвинета за непочитување на судот бидејќи го доела детето во текот на судењето. Таа рекла дека не сакала да го наруши распоредот на хранењето на својот син и дека немала на кого да му го остави бебето, но судијата Марко А. Ролдан немал разбирање за нејзината постапка.

БАЗЕН

Во американскиот град Молин, мајката по име Никол која често плива во локалниот базен, морала еден ден да го нахрани своето петмесечно бебе. Иако тоа го правеле многу пати порано, тој ден спасителот и пришол и и рекол да го продолжи доењето во тоалетот. Тој се понудил да и ги причува постарите деца додека таа го дои помладото, но и рекол и дека е недозволиво тоа да продолжи да го прави во јавноста.

ГОЛФ КЛУБ

Мајките кои дојат во јавност биле нарекувани со најразлични и погрдни имиња, но ретко – терористи. Токму тоа и се случило на њујорчанката Розелин Реманс, која е замолена да го напушти кантри клубот чиј член е, откако почнала да ја дои својата четиримесечна ќерка. Како што пренел „Њујорк пост“, вработените и предложиле на оваа мајка да прејде во тоалетот и таму да продолжи со доењето, а набрзо се појавила и полицијата!

Униформираните лице и рекле на Розелин и на нејзиното смејство да го напуштат објектот бидејќи претставуваат опасност за останатите членови, што го објасниле со тоа дека на Шри Ланка бебињата ги користат како диверзија при терористички напади.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

Во август 2013 година, социјалната мрежа Инстаграм го цензурирала налогот на корисничката Ејми Вудраф, која во интернет заедницата била позната како „Голата мајка која дои и вежба јога“. Пред две години, Ејми се прославила и станала предмет на бројни дебати. Бројот на нејзините обожаватели пораснал, а поради тоа многумина го посетувале нејзиниот профил на Инстаграм, после што вработените во оваа социјална мрежа одлучиле дури и да го затворат нејзиниот налог.

majkaidete.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1