Каде се парите за лечење на малата Тијана? – Ако кажам ќе падне цела влада, вели таткото


“Ги добивме сметките од Америка, но јас немам никаква морална, а ни законска обврска јавно да ги кажам и објавам сметките”, изјавил Небојша Огњановиќ и во ниту еден момент не кажал колку пари биле собрани, а колку останале на сметката

tijanaПо неколкуте обвиненија кои ги добија родителите на малата Тијана, татко и Небојша Огњановиќ реши да проговори. Тој за српски “Курир” изјавил дека на нивната ќерка и биле вградени две вештачки пумпи кои чинеле 600.000 динари.

Нагласил дека ако проговорат како поминале додека се бореле за Тијана, ќе падне цела влада.

Како што пишува весникот, тој кажал оти државата била таа која требала да го однесе неговото дете на лечење.

“Кога ние би раскажале низ што се поминавме, ќе падне целата влада”, потенцирал Огњановиќ, таткото на Тијана која почина во Америка, иако лавовски се бореше и за неа беше организирана голема хуманитарна акција во која учествуваше цела Србија.

Како што пишува “Курир”, родителите на Тијана тврделе дека тие ги имале сите сметки кои ги платиле во детската болница во Хјустон, но исто така имале и писмо од директорот на болницата, кој им го пратил на 2 август, каде им се заблагодарува што ги подмириле сметките во целост.

398072_naslovna-mala_ff

Тој, на прашањето зошто не сакаат да кажат јавно колку пари собрале, колку пари се префрлени на сметката на болницата, а колку останале, како што пишува весникот кажал оти од свои причини не сака на јавноста тоа да и го открие.

– Ги добивме сметките од Америка, но јас немам никаква морална, а ни законска обврска јавно да ги кажам и објавам сметките, изјавил Небојша Огњановиќ и во ниту еден момент не кажал колку пари биле собрани, а колку останале.

Нагласил дека не е вистина тоа што претходно било објавено, дека тие земале два милиони евра од сметката, а како што пишува “Курир”, тој не сакал да каже дали воопшто има толку пари на сметката. Исто така, Огњановиќ од новинарите побарал да не се објавува ништо плус, освен она што го кажал во текот на разговорот кој траел два часа, а тие тоа го испочитувале.

Инаку, во овој случај се вклучило и Републичкото јавно обвинителство, и навеле дека овој случај брзо ќе биде решен. “Покрената е истрага по службена должност, поради проверка на медицинскиот напис, како што тоа се прави во слични случаи. Очекуваме, истрагата брзо да биде завршена”, изјавил изворот од обвинителството, за “Курир”.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1