Работното време на угостителските објекти да се намали за еден час и тие да работат до 23 часот а за време на неработните денови ќе можат да работа до полноќ. Ова е предлогот за измена на Законот за угостителска дејност кој беше дебатиран денес на тематската работилница, на која присуствуваа и министрите за внатрешни работи и за економија, како и скопски угостители и претставници на куќни совети.
Темата беше како да се решат проблемите на граѓаните кои се жалат на бучавата од околните кафулиња. Според она што беше речено, има зголемен број на пријави од граѓани кои се жалат на гласната музика и велат дека работното време не се почитува.
Според Гордана Јанкуловска МВР од почетокот на годината поднел 714 барања за поведување прекршочна постапка за нарушување на јавниот ред и мир, за учество, предизвикување или поттикнување тепачка, вознемирување со гласна музика, фрлање, кршење разни предмети, карање, викање и непристојно однесување. “За да се надмине ваквата состојба, потребно е да се пристапи кон измена и дополнување на Законот“, рече Јанкулоска.