Кај леваците мозочната функција се развива во спротивната страна од мозокот


Мотивацијата е она што не стимулира да се приближиме или оддалечиме од физичките и социјалните потиснувања и претставува основна градбена единица на човековите емоции. Научниците долго верувале дека мотивацијата за приближување се наоѓа во левиот дел од мозокот, а мотивацијата за повлекување во десниот. Истражувањето кое го спровеле Брукшир и Касасанто ја оспорува оваа идеја покажувајќи дека добро воспоставена рамнотежа на мозочна активност, откриена кај повеќе од десетици студии за деснаци, е потполно обратна од левораките лица.

Во текот на студијата е користен електроенцефалограф (ЕЕГ) за да се споредат активностите во левата и десната хемисфера во текот на тестирањето. По мерењето на мозочните бранови, испитаниците одговарале на прашалник со кој се мерела мотивацијата за приближување, средишниот аспект од нашиот карактер. Кај деснаците поголема е мотивацијата за приближување поврзана со поголема активност во левата хемисфера што се докажало и во претходните студии.

Леваците покажале обратна активност: мотивацијата е поврзана со поголема активност во десната хемисфера.

Поголемиот број од когнитивните функции не зависи од употребата на рацете. Јазикот на пример кај поголем број и леваци и деснаци се наоѓа во левата хемисфера. Меѓутоа овие резултати не биле неочекувани.

– Ги предвидовме различните активности на хемисферите бидејќи забележавме дека луѓето имаат потреба да ги користат двете раце со што би ги извршиле работите поврзани со приближување и избегнување, изјавува Касасанто.

Постапките на приближување често се извршуваат со доминантната рака, а избегнувањето со недоминантната.

– Мотивацијата за приближување ја контролира половината што ја контролира десната рака кај деснаците, а тоа е половината која ја контролира левата рака кај леваците, додава Касасанто.

– Не сметаме дека ова е случајност. Невронските кругови за мотивација би можеле да бидат поврзани со круговите кои ги контролираат постапките на рацете, емоциите би можеле да бидат изградени на невронските кругови поврзани преку акции во текот на еволуцискиот пат, додава Касасанто.

Авторите предупредуваат дека овие податоци покажуваат поврзаност помеѓу емоционалната мотивација и контролата на моториката како и дека се потребни дополнителни истражувања за да се утврди вричината за врската.

Со цел да се излечи депресијата и други такви пореметувања би се користела стимулација на мозокот за да се зголеми невронската активност во левата хемисфера кај пациентот за која се верува дека е „активна хемисфера“.

– Со оглед на тоа што го покажуваме овде ова лечење кое им помага на деснаците би можело да биде штетно за леваците – токму спротивното од она што им е потребно. Со ова се открива дека мотивацијата за приближување се менува во однос на користење на раката и тоа може да доведе до посигурно и позначајно невролошко лечење кај леваците. Тоа е нешто што сега го истражуваме, вели Брукшир.

Tags: , , ,

Александар Петрески

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1