Претставникот на хрватскиот парламент и претседателот на Истарските демократи (ИД), Дамир Кајин, на прес конференција постави прашање зошто мигрантите не бегаат кон најбогатите земји на светот – Саудиска Арабија, Катар, Кувајт и Емиратите и додаде дека не бегаат затоа што Саудиска Арабија кренала ѕид долг 950 километри, а соседните земји поради тоа ја критикуваат Унгарија.
Зборувајќи за бранот на мигранти од Блискиот и Средниот Исток, тој наведе дека има разбирање за трагичните судбини на мигрантите и додаде дека исто така има разбирање за загриженоста на Македонците, Србите и Унгарците, пишува nezavisne.com.
-Зошто не бегаат кон најбогатите земји на светот Саудиска Арабија, Катар, Кувајт и Емиратите, не бегаат зашто Саудиска Арабија кренала ѕид долг 950 километри, а соседните земји поради тоа ја критикуваат Унгарија.
Тој напомена дека до крајот на годината 40.000 бегалци ќе тргнат кон Хрватска и додаде дека владата за нив одредила пет прифатни центриво поранешните касарни во Карловац, Долго Село, Вараждин, дворецот во Илок и Пула.
-Предложувам наместо во Пула, прифатен центар да се стационира на Бриуните, бидејќи тоа е идеално место, а може и во Свети Јуриј (село во сопственост на Иван Јаковчиќ) или на 180 хектари големо земјиште кое Министерството за земјоделство неодамна му го подели на еден високо позициониран ИДС-овец, изјави Кајин.