Како да аплицирате за студентска виза во Австралија


1. Кога да аплицирате за да учите во Австралија

Студентите може да ги поднесат апликациите било кое време во текот на годината. Австралија два пати во годината запишува студенти – во февруари и јули. Некои универзитети имаат метод на три семестри. Откако ќе се одлучите за насока, и секако факултет, време е да аплицирате.

2. Како да аплицирате?

Првиот чекор е аплицирање за насоката која ја сакате. Постојат два начини за тоа:

а. Директно: За да аплицирате директно, симнете го формуларот од веб страната. Доколку аплицирате за насоки на повеќе од една институција, ќе биде потребно да поднесете посебна пријава за секоја институција.

б. Преку Австралиски образовен агент: Повеќето инститиуции соработуваат со голем број на агенти. Детали за агентите може да се најдат на нивната веб страна или преку директен контакт.

20131119-kako-da-aplicirate-za-studentska-viza-vo-avstralija-m

3. Документи кои се бараат како предуслов

Ќе треба да подготвите придружна документација која треба да ја испратите со вашата апликација. Документите се разликуваат во зависност од курсот, образовниот доставувач и квалификација за која учите. Најважните документи вклучуваат:

– Сертификати кои го потврдуваат вашето претходно образование, вклучувајќи и квалификации кои веќе ги имате.

– Доказ дека добро го совладувате англискиот јазик.

– Сертификати или документи кои потврдуваат учење или претходно искуство доколку барате кредити за насоката. Овие мораат да бидат преведени на англиски.

4. Потврда за упис

Доколку сте прифатени и го платите вашиот депозит, ќе добиете „Electronic Confirmation Enrolment (eCoE)“ преку електронска пошта. Со тоа ќе биде прикажан и датумот на почетокот на вашиот курс, вкупната цена за насоката и се разбира, колку време ќе трае вашиот курс.

5. Апликација за виза

Доколку аплицирате за студентска виза преку „Онлајн одделот за емиграција и државјанство“, ќе биде потребно да ги поднесете деталите од вашата електронска потврда за запишување во вашето барање за виза. Доколку не поднесувате виза електронски, тогаш ќе мора да ја обезбедете потврдата за запишување пред визата да ви биде дадена.

Генерално, средношколците и студентите спонзорирани или од австралиска агенција за меѓународен развој, AusAID или Одделот за одбрана се единствените студенти за кои не е потребна потврда за уписен сертификат.

Треба да се осигурате дека ги исполнувате сите барања за студентската виза пред да платите за партиципација.

– Електронски сертификат за запишување – „Electronic Confirmation Enrolment (eCoE)“

– Цена на авионски билет, данокот за насоката и трошоците за живот.

– Сертификат со кој докажувате дека го совладувате англискиот јазик.

– Добра здравствена состојба.

– Прифатливо странско студентско здравствено осигурување (OSHC).

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1