Како да добиете 10 илјади евра и да станете млад земјоделец?


Поттикнување на агро бизнисот е една од основните цели на мерката со која младите земјоделци од програмата за рурален развој се поддржуваат со 10 илади евра за отпочнување бизнис во земјоделскиот сектор. Од година во година интересот за оваа мерка се зголемува,покажуваат податоците на Платежната агенција, пишува Лидер.

Поради огромната заинтересираност за мерката од страна на младите, Лидер анализира- кој може да се пријави, какви услови треба да се исполнуваат и за што конкретно се дава помошта од државата.traktor

Од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за Лидер објаснуваат дека поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство.

“Владата годинава ќе исплати 1.340.00 евра, односно по 10 илјади евра за секој млад земјоделец со цел да ги стимулира младите кои сакаат да отпочнат сопствен земјоделски бизнис. Договорите за годинава се склучени и останува земјоделците да ги реализираат планираните инвестиции и да ги достават документите до Платежната агенција за да им бидат вратени во целост инвестираните средства до 10 илјади евра. Ова е одлична можност за луѓето кои сакаат да започнат со производство и добра можност за отпочнување на сопствен земјоделски бизнис. Продолжуваме со истата мерка и следната година со апел, што повеќе млади луѓе кои сакаат да ја искористат оваа мерка да се информираат и вклучат, изјави Никола Груевски, премиер на Р. М

Согласно член 67 од Законот за земјоделство и рурален развој поддршката по Мерка 112 се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на земјоделското стопанство за период од најмногу три години од денот на одобрувањето на поддршката.

За која воздраст важи оваа мерка?

Поддршката за започнување со земјоделска дејност се доделува на млад земјоделец на возраст од 18 до 40 години старост кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство.10. pretor so traktor

Кој може да биде корисник?

Физички и правни лица вршители на земјоделска дејност односно Земјоделски стопанства запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС) во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој

Критериуми

•Барањето за поддршка да е поднесено не подоцна од 18 месеци од денот на запишување на промената или новото земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства,
.Подносителот на барањето да има минимум средно образование од областа на земјоделството или поминато обука за здобивање на квалификации за земјоделска дејност освен во случај кога деловниот план предвидува потреба од обука,
• Подносителот на барањето да е носител на земјоделското стопанство
• Подносителот на барањето да ги почитува добрите земјоделски пракси и мерките за заштита на природата и благосостојба на животните.

Од кога почна да се применува мерката?

Во Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2012 година за прв пат се спроведува Мерката за започнување на вршење на земјоделска дејнос.
• Мерка 1.2 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност примени и обработени се вкупно 18 барање за финансиска поддршка од кои 4 се одобрени со потпишани договори за финансиска поддршка во вкупно реализирана сума од 1.727.940,00 МКД
Во текот на 2013 година согласно Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2013 година се објави

Јавен Повик за истата мерка

• 112 Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност . Доставени беа 26 барања за финансиска поддршка од кои одобрени се 8 барања во вкупна вредност од 4.084.496,00 МКД
Во 2014 година по трет пат беше објавена мерката 112 – Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност. Во 2014 како и другите предходни години се забележа зголемена заинтересираност за оваа мерка така да со Јавниот Повик беа примени 57 барања за финансиска поддршка од кои беа одобрени 25 барања во вкупна вредност од приближно 13.000.000 денари

Во 2015 година за мерката 112 – Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност беа доставени вкупно 197 Барања за користење на средства. По извршената административна проверка вкупно 134 Барања се одобрени за поддшка и користење на средства од Програмата во вкупна вредност на поддршката од 74.400.000 денари.

Наскоро и оглас за доделување 10 илјади хектари земјоделско земјиште

Накоро треба да биде објавен и оглас за доделување околу 10 илјади хектари државно земјоделско земјиште. Половина од тоа ќе биде наменето за лица кои сакаат да земат земјиште до три хектари и половина за лица односно компании кои сакаат да земат повеќе од три хектари. Земјиштето кое е наменето за оние кои ќе земат над три хектари е во струшкиот, ресенскиот и светиниколскиот регион, а оние кои ќе го добијат ќе треба да направат и одредени инвестиции.

“Веќе сме во завршна фаза на подготовки за објавување на околу 10 илјади хектари државно земјоделско земјиште и тоа за категорија лица кои имаат потреба од земјиште до три хектари и категорија лица односно компании кои имаат потреба од државно земјиште над три хектари. Ова набрзо треба да помоне низ сите владини процедури, изјави вчера премиерот Никола Груевски.

Тој појасни дека до три хектари најчесто сакаат да земат лица кои планираат помал бизнис и тоа земјиште е најчесто во рамки на селскиот атар, а над три хектари земаат лица за посериозен бизнис кој е дел од инвестирање на компаниите.

– Оние кои ќе земат земјоделско земјиште над три хектари практично ќе имаат и дополнително обрски да направат одредени инвестиции. Половина од земјиштето или околу 5.000 хектари за оние лица кои се заинтересирани за земјиште до три хектари и исто толку за оние над три хектари, информира премиерот.
Земјоделското земјиште наменето за тие кои сакаат за земат повеќе хектари, како што истакна Груевски, воглавно е во струшкиот, ресенскиот и светиниколскиот регион. Се надевам, додаде тој, дека оваа можност ќе биде соодветно искористена од многумина кои сакаат да се занимаваат со земјоделие. Оние кои ќе земат земјиште до три хектари ќе бидат лица кои првпат земаат земјоделско земјиште.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1