Свето Јаневски сака да го купи хрватски „Бадел“


Македонскиот бизнисмен Светозар Јаневски, кој неодамна ја закупи Белградската индустрија за пиво (БИП), во интервју за српски Вечерње новости, обелодени дека има намера да ја купи и хрватската компанија „Бадел“.sveto janevski

– Идејата е со Тиквеш и БИП да го превземам и хрватски „Бадел“, кој е во проблеми и да ги заокружам сите сегменти од вино, пиво, па до жестоки пијалоци. БИП, заедно со мој Тиквеш и хрватски „Бадел“ ќе бидат една фирма – вели Јаневски.

Во интервјуто тој зборува за своите планови за обнова на производството во некогашната најголема југословенска пиварница.Најавува дека во новата фабрика на БИП ќе се прави пиво по светски технолошки и еколошки стандарди.

-Ќе има работа за 250 до 300 работници – подвлекува Јаневски.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1