Состојки:
1 л неутрална хопла
1 лажичка екстракт од ванила
10 жолчки од јајце
150 г шеќер за смесата
6 лажици шеќер за преливот
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 160 степени.
Во тенџере на рингла ставете ја хоплата. Додајте ја ванилата и оставете ја смесата да крчка на средно-ниска температура 5 минути (не треба да зоврие, само да крчка). Исцедете го кремот низ ситна цедалка.
Во меѓувреме, додека хоплата крчка, во сад матете ги жолчките со 150-те г шеќер додека да добиете бледожолта и густа смеса.
Продолжете да ја матите ја смесата од жолчки, додавајќи капка по капка четвртина од исцедената врела хопла. Внимавајте да додавате капка по капка, за да не се готват јајцата од топлината. Откако ќе додадете четвртина од топлиот крем, потоа полека може да го додадете и останатиот дел (но не мора капка по капка).
Наредете мали керамички тавчиња (или една голема) во тава за печење. Истурете ја смесата во тавчињата. На дното на тавата за печење истурете вода во висина до половина од тавчињата. Печете 30 минути, внимавајќи смесата да не порумени.
Оставете ги тавчињата да се подоладат на собна температура, а потоа ставете ги во фрижидер најмалку 2-3 часа, покриени со проѕирна фолија.
Пред послужувањето, во тенџерче на ниска температура карамелизирајте ги 6-те лажици шеќер за преливот (по желба и повеќе) и прелејте го врз кремот во секое тавче. Послужете веднаш.
Izvor – Mkd.mk