Како да ја спречите појавата на седите влакна?


Седите влакна не се знак на страост како што многумина сметаат. Научниците неодмна ги објавија причинителите за седите влакна. Основен фактор за појава на седите влакна е создавањето на хидрогенот пероксид кој го оштетува коренот на влакното.

seda kosa1Зошто косата побелува?
Бојата на косата ја прават пигментите кои се нарекуваат и меланоцити. Како што старееме нивната активност се намалува се додека пигментот не престане да се создава. Новите влакна растат без пигмент и затоа се бели.
Познато е дека азијантите имаат најмалку седи влакна, а тоа се должи токму на нивната исхрана. Таа содржи многу фосфор и многу незаситени масни киселини, протеини богати со аминокиселини, витамини Б, Х. Овие витамини и минерали ги има најмногу во рибата, оризот, сојата, печурките, лукот.

Секој човек има генетско одредување кога косата ќе му стане бела. Но, сепак и исхраната и стресниот живот има големо влијание за ова. Затоа намалете ги стресовите или барем научете да не ги прифаќате работите со голем стрес.
Што се однесува на исхраната потребно е да го зголемите внесот на јаткастите плодови, авокадо, маслиново масло.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1