Покрај изборот на храна голема улога во вишокот килограми кои ги добиваме за време на зимските месеци има и витаминот Д.
Ниското ниво на витаминот Д кој ни го обезбедува сонцето може да влијае на телесната тежина. Зимските денови се темни, па со недостатокот на витаминот Д организамот складира повеќе масти. За тоа да не би се случувало, неопходно е секојдневно изложување на сонце со времетраење од најмалку 20 минути.
Експертите велат дека зимските празнични калорични јадења на масата може да ги заменат со поздрави и подеднакво вкусни нискокалорични оброци.
Еве неколку совети –
ЗАМЕНА –
Наместо на мајонез, користете диетални варијанти ,
Белиот и кафеав шеќер заменете го со фруктоза, или јаворов сируп.
Колачите кои се направени со повеќе јајца кои ги купуваме од продавниците со, вештачки бои заменете ги со природни овошни екстракти и скроб.
Запршка , наместо со Вегета, направете ја од црно брашно со течност која се добива од варени макарони.
Употребувајте тазе зеленчук за зачинување на храната наместо зачини
И готовите супи знаат да нафрлат по некој грам затоа поздрава солуција се домашно приготвените супи.