Како да се заштитите од гром – Не носете чадор, седнете склупчени, бегајте од споменици и вода


Неколку совети како да се заштитие вие и вашето семејство доколку сте на отворено кога има невреме и грмотевици.

grom_rusija

Пред да одите надвор:

Доколку врмеенската прогноза е неповолна, пред да излезете добро размислете каде би се засолниле доколку грмотевиците се засилат

Додека сте надвор:

Кога ќе чуете грмотевици веднаш засолнете се во некоја зграда во која има жица или одвод а доколку не можете да влезете негде и да се заолните тогаш додека ги слушате грмотевиците да не се движите крај дрва или покрај некој друг висок објект кој би можел да го зголеми ризикот од опасност.

365px-StayAwayMetal-Step-2

Подалеку од сите форми на метал – Громот е привлекуван од металот а исто и вие го привлекувате громот. Доколку стоите до метални објекти станувате дупла мета.

Излезете од водата веднаш – доколку пливате веднаш излезете од водата – водата е спроведувач.

Никако не застанувајте до високи објекти – бегајте од кули, високи дрва, споменици и слично

Не носете чадор – можеби ќе накиснете ни тоа е подобро отколку да ве удри гром. 

Најдете автомобил и влезете во него. автомобилот –  е безбедно место за време на олуји и грмотевици. Иако е од метал доколку и удри гром во него електрицитетот низ металот ќе се спроведе но околу вашето тело и ќе замине во земја, така да безбедни сте.

Ако сте на отворено – најдете некој ров, дупка и легнете во него. ако нема седнете склупчени со главата меѓу рамената и обидете се да бидете што помали можете – не легнувајте во должина со целото тело никако.

grom-umbrella-man-1

Додека сте негде внатре:

Стоите подалеку до прозорците и вратите. Да не доаѓате во контакт со нешто што е вклучено во ѕид, како апарати за домаќинство компјутер и друго.

Останете засолнети  и не излегувајте надвор уште  30 минути од  последната грмотевица

Избегнувајте контакт и со телефони – мобилнни

Доколку некој е во неволја:

Веднаш повикајте брза помош, правилно на жртвата треба да и се даде вештачко дишење како и АЕД доколку е потребно.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1