Како да сварите велигденски јајца без да ви испукаат


Никогаш не ставајте во врела вода јајца директно од фрижидерот. Температурната разлика е премногу голема и лушпата ќе пукне. А, со испукани јајца нема којзнае какви можности за сликарство. Најдобро е да го камуфлирате дефектот со користење на техниката за бојадисување со памук .ljuske-jaja

За да ја избегнете оваа несреќа може да направите дупче со игла во јајцето. Важно е сепак дупката да е во врвот, а не во страничниот дел на јајцето, бидејќи таму има воздушен балон меѓу лушпата и “кожата” одвнатре. Со овој трик ќе го намалите притисокот при вриење и јајцето ќе остане цврсто.

Ставете ги јајцата во топлата вода пред таа да зоврие . За тврдо варени јајца се потребни околу 7 минути.

Откако ќе минат 7 минути извадете ги јајцата од топлата вода и облејте ги со ладна за полесно лупење .

Ако имате можност, земете домашни јајца , а не од продавница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1