Не смее да се тушира, ниту да се поти: Ако дојде во контакт со вода ќе умре од изгореници


17-годишната Александра Елен од Утаха во западна Америка, пати од ретка здравствена состојба, а тоа е алергија на вода. Таа има толку алергична реакција на вода, што дури и од потење добива осип кој многу пече, а може да биде и смртоносен!

Ваква реакција на вода имаат вкупно 35 луѓе на планетата, а за оваа болест се` уште не постои лек. Кога ќе одлучи да се истушира, таа тоа мора да го направи исклучително брзо, а водата мора да биде ладна, инаку доаѓа до изгореници, пишува „ABC News”.voda-alergija

Симптомите може да траат од неколку часа до дури една недела после исложување на кожата на вода. Александра прв пат сфатила дека го има овој проблем кога добила изгореници откако, додека била на одмор, малку лежела во џакузи.

После првата реакција на вода, била примена во болница поради гушење и внатрешно крварење. Било потребно многу време за да се воспостави оваа дијагноза.

Оваа несреќна девојка сега избегнува вода колку што може повеќе. Таа го опишала чувството кое го добива после контакт со вода како потопување на целото тело во киселина и дека морала да го промени целокупниот начин на живот.02-voda-alergija-t43-2

Иако за неа и потта е опасна, таа му се спротиставува на тоа така што вежба на многу ниски температури за да спречи нејзиното тело да произведува пот. Исто така колку помалку се поти, толку поретко ќе треба да се тушира – ѝ било дозволено туширање три пати неделно.

Оваа ретка здравствена состојба, која кај некои луѓе може да предизвика потенцијално смртоносен анафилактичен шок, обично станува полоша како што болниот старее.

Истражувачите веруваат дека копривницата (така ја нарекуваат оваа состојба) не настанува поради ослободување на хистамин, туку е резултат на екстремна сензитивност на кожата на адитиви во водата како на пример хлор.

За оваа болест се` уште нема лек, а дерматолозите советуваат болните да се држат на страна од вода колку што можат повеќе.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1