Главниот уредник на „Информер“ на вонредна прес конференција ги демантира фотографиите кои беа објавени во последниот број на весникот, извинувајќи се при тоа на читателите во Србија, Хрватска и лично на претстедателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ.
– Само јас сум виновен и никој друг и подготвен сум да прифатам секаква одговорност- изјави Вучичевиќ, пренесува српски Телеграф
Тој истакнал дека немал намера да и наштети на хрватската претседателка, ниту пак сакал да води кампања против неа.
– Излезе дека не бевме доволно информирани за она што направивме и јас сум најголемиот виновник. Заработката од весникот од ова викенд издание ќе го уплатиме во хуманитарна цел- истакна Вучичевиќ и додаде дека слушнал коментари за негово апсење.
– Ако треба нека ме уапсат и на тоа сум подготвен и ќе ја прифатам одговорноста како главен уредник на „Информер“. Изворот на овие вести беше човек од Србија со кого имаме долгогодишна соработка и сега не сум сигурен дали тој сакал да ми подметне или се работи за грешка- заклучува тој.
Инаку коментарите во врска со оваа наводна афера се дека од самиот почеток на сите им било јасно кога ги виделе фотографиите на жената која освен бојата на косата, не личи на хрватската претседателка. Особено љубителите на порнографијата во истиот момент ја препознале порно глумицата Diamond Foxxx.
Кој се обидува да и смести секс афера? На снимката не е хрватската претседателка – еве кој е