Македонија го победи и Иран – чекори кон осминафинале


Нашата ракометна селекција ја забележа втората победа на планетарниот собир во Катар откако забележа очекуван триумф над Иран од 33:31

rakomet makedonija iran 2

На овој меч сите ракометари добија шанса за настап. Во втриот дел не дозволивме Иранците ниту на момент да израмнат со што предноста ја задржавме до самиот крај на средбата. Кире постигна 9 голови, шест од линијата за седум метри, запиша три асистенции и имаше 64 проценти реализација, поради тоа беше прогласен за играч на натпреварот.

Немања Прибак постигна пет голови и беше одличен во првиот дел, четири запиша Недановски, кој ги одигра последните неколку минути, а Вугринец и Стоилов постигнаа по три погодоци.

Утре е ден за одмор за Македонија, а потоа следува пресметката со БиХ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1