Како се пренесува ЕБОЛА и кои се први симптоми


Вирусот не се пренесува по воздушен пат, туку исклучиво преку директен контакт со крв или други телесни течности од заболени луѓе (плунка, урина, фецес) или поретко и преку загадени предмети од секрети од заболени лица.

Директен контакт значи крв или телесни течности од заразеното лице или неговото тело да дојде во контакт со очите, носот, устата или отворена рана на здрав човек. Луѓето исто така можат да се инфицираат од загадени површини и материјали, вклучувајќи и постелнина и облека. Cynthia GoldsmithThis colorized transmission electron micrograph (TEM) revealed some of the ultrastructural morphology displayed by an Ebola virus virion. See PHIL 1832 for a black and white version of this image.Where is Ebola virus found in nature?The exact origin, locations, and natural habitat (known as the "natural reservoir") of Ebola virus remain unknown. However, on the basis of available evidence and the nature of similar viruses, researchers believe that the virus is zoonotic (animal-borne) and is normally maintained in an animal host that is native to the African continent. A similar host is probably associated with Ebola-Reston which was isolated from infected cynomolgous monkeys that were imported to the United States and Italy from the Philippines. The virus is not known to be native to other continents, such as North America.

Болеста може да се пренесува преку сексуален контакт, и тоа е можно и до седум недели по заразување со Ебола. Можно е, исто така, во контакт со крв и телесни течности на живи или мртви животни заразени со Ебола.

Што се телесни течности? – Крв, плунка, слуз, измет, пот, мајчиното млеко, урината и спермата.

Дали можеш да се заразиш со ебола преку кивање? – Можно е да се пренесе и преку кашлање и кивање, но научниците велат дека мала е веројатноста. Плунката или слузот би требало да влезат во очите, носот, устата или отворена рана за да се прошири болеста.

Болеста може да се добие преку директен контакт со крв и други телесни течности од диви животни, како што се мајмуните, шумски антилопи и лилјаци.ebola-graphic

Кои се симптомите? – Највообичаените симптоми се високата температура, обично повисока од 38,6 степени Целзиусови. Други симптоми можат да бидат сериозните главоболки, дијареја, повраќање, болки во стомакот и при посериозни случаи внатрешно или надворешно крварење . Симптомите се појавуваат од 2-21 дена по изложеност. Дијагнозата се поставува преку откривање на вирус или антитела во крвта и телесните течности на инфицирани лица.

Симптомите се појавуваат помеѓу 2 и 21 ден од изложеноста на ебола, но најчесто помеѓу 8-миот и 10-тиот ден.

Дали се пренесува со комарци? – Не постојат докази кои би го потврдиле ова тврдење. Луѓето, лилјаците, мајмуните и горилата имаат способност да ја пренесуваат еболата, но моменталните докази укажуваат дека комарците и другите инсекти не можат да ја пренесат.ebolaa Дали се пренесува преку воздух? – Моментално не.

Експерименталниот лек Zmapp се употреби за да се третираат некои од пациентите, вклучувајќи ги и двајцата американски мисионери. За сега се’ уште е нејасно каква била улогата на лекот, како ни тоа дали воопшто ја има во процесот на заздравување на овие пациенти.

Во овој момент, разликата помеѓу животот и смртта кај пациентите заразени со ебола падна на основна интервенција: примање на доволна количина на течности, одржување на крвниот притрисок и намалување на ефектите на другите инфекции кои можат да го ослабнат имунолошкиот систем на телото.

ПОВЕЌЕ ИНФОРМАЦИИ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК

http://ec.europa.eu/health/preparedness_response/docs/ebola_infotravellers2014_hr.pdf

Извор – БАБИНЛЕК.КОМ

 

Прво сомнение за ебола во Македонија, почина пациент на Инфективна клиника

ВОНРЕДНА СИТУАЦИЈА: Лица во скафандери шетаат низ Скопје – Министерството за здравство закажа прес

Инфективна во паника по сомнителниот случај на ебола!

Ебола: Не постои вакцина, ни лек – од обичен грип до крварење од очите и ушите

Ебола во Македонија: Странецот не бил сам, и негов пријател е со исти симптоми на инфективна?

 

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1