Тие се едни од најпозатите „самопечени“ милијардери, кои биле упорни и го чекале вистинскиот момент за да си ја отворат вратата кон слава, богатство и успех.
Ричард Брансон открил пејач кој станал вистинска ѕвезда
Кога Ричард Брасон имал 16 години, тој го отворил магазинот „Студент“. Но, сепак вратата кон успехот му се отоврила по 6 години кога основал музичко студио и го открил пејачот Мајк Олдфилд.
Олдфилд ја снимил песната “Tubular Bells” која посигнала огромен успех и на музичката топ листа во Британија останала цели 247 недели.
Ричард Брансон денес има 400 компании кои се водат под името Вириџн Рекордс.
Хенри Форд го импресионирал градоначалникот на Детроит
Во 1898 година, Хенри Форд бил добитник на лотаријата која ја организирал градоначалникот на Детроит.
Имено, градоначалникот Вилијам Ц. Мајбури му доделил патент на Џобс откако тој конструирал карбуратор.
Подоцна Мајбури ќе му помогне на Форд да стане произведувач на автомобили.
Поддршката на Мајбури, во комбинација со храбрите идеи на Форд и негвата харизма беа причината за да се создаде група на инвеститори кои придонеле со 150.000 долаи за да се основа Detroit Automobile Company во вгуст 1899 година.
Бил Гејтс склучил договор со компанијата ИБМ
Во 1980 година Бл Гејтс го напуштил Харвард и основал мала команија која ја нарекол Микрософт, па чекал погоден момент за да се пробие.
Тој и неговата компанија за кратко време се лансираа во формата IBM.
Имено, Биг Блу сакал на пазарот да претстави евтин компјутер и тоа во најкраток можен рок. Се советувал со Микрософт кои во тој момент немале таков, но заедно го создале токму тоа што им требало.
Стив Џобс ја добил идејата од сопственик на продавница за компјутери
Во есента 1975 година Стив Џобс заележал како неговите пријатели од Калифорнија се возбудени за моделот на компјутери кои биле за домашна употреба.
Тој го замолил својот пријател Стив Возниак да направат комплет компјутерско коло кое би го прозиведувале за 25 долари а би го продаале за 50 долари. Тие заминале да ги купат деловите и тогаш работите станале доста интересни.
Кал Њупорт ја објаснил сцената:
„Стив пристигна босоног во Byte Shop, а таму го затекна Пол Терел кој ја лансираше Mountain View компјутерската продавница и му понуди кола за продажба. Терел не сакаше да продава компјутерски кола, но му рече дека доколку имаат склопени компјутери тој за нив би им платил 500 долари за секој еден и дека му се потребни 50 веднаш штом ќе бидат готови.“
Џобс се заинтересирал за можноста да заработи поголема сум на парти и започнал да работи на проектот без кој денеска немаше да го имаме Ејпл.