Како WC-то да ви свети и мириса прекрасно со само една состојка


Без никаква хемија овој природен освежувач е едноставен „трик“ и веруваме дека на многумина ќе ви се допадне. Со индустриски препарати миризбата не останува, но со овој миризбата ќе биде константна.

За овој природен освежувач на воздух ќе ви бидат потребни:

toaletna-hartijaaa– ролна тоалетна хартија
– етерично масло (по ваша желба)

Неколку капки од вашето омилено етерично масло капнете на внатрешната страна на ролната. И тоа е тоа! Миризбата ќе биде присутна во просторијата додека не ја потрошите ролната хартија.

Што се однесува до чистењето на тоалетот единствено што ви треба е алкохол или оцет… еве како

– 50 мл. медицински алкохол или алкохолен оцет
– 300 мл. вода
– 40 капки етерично масло (одличен избор е микс од лимон и грејпфрут)
– пластична боца со пумпа

Подготовка:

Во боцата додадете го алкохолот и етеричните масла, добро протресете и на крајот додадете ја и водата. Пред заминувањето од тоалет, испрскајте ја внатрешноста на wc-школката со овој спреј, кој ќе продолжи да шири свеж и пријатен мирис.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1