На 1-ви март го рушат Путин во крваво соборување во Москва!


Советникот на премиерот на Украина и руските опозиционери организираат пуч на улиците на Москва по пример на минатогодишните случувања на Мајдан во Киев, со учество на украински насилници.

Хакерската група “KiberBerkut” дошла до сензационалниот план, кој вели дека на 1-ви март во Москва ќе бидат предизвикани насилни протести и крвопролевање како на Мајдан во Киев.


Станува збор преписките на Андреј Ревуцки, близок советник на украинскиот премиер Арсениј Јаценјук, и Николај Љаскин, еден од лидерите на руската опозициска невладина организација “Бел протест”.

Во тие документи рускиот опозиционер предупредува дека во Москва “нема да се случи Тјананмен”, но дека во Русија треба да се пратат “борците од Мајдан” и инструктори кои ќе испровоцираат судир со полицијата за време на демонстрациите и “окупација” на центарот на Москва.

Големите демонстрации во престолнината на Русија се планирани за 1-ви март оваа година, и Љаскин и Ревуцки правеле планови како да предизвикаат крвави судири со силите за ред.

Ревуцки советува дека опозициските лидери, Борис Немцов и Андреј Наваљни, ќе мора да работат со поранешниот олигарх Михаил Ходорковски, отворен непријател на претседателот на Русија, Владимир Путин, без разлика дали му веруваат или не, бидејќи “нема друга опозиција”.

Ревуцки и Љаскин констатираат дека на протестите на 1-ви март ќе биде постигната критична маса на луѓе, потребна за државен удар, бидејќи секој учесник ќе биде платен по 1.000 рубљи дневно, плус платен пат, храна и сместување.

Руските медиуми наведуваат дека американскиот Стејт Департмент одвоил буџет од 5 милијарди долари, со кои финансира повеќе од 10.000 организации во Русија, кои организираат семинари и тренинзи, дури и обука во логори. Се проценува дека постои цел спектар на фактори кои ќе бидат вклучени во обид за отстранување на Путин од власт по рецепт на “улична револуција”.

Како и на 6-ти мај 2012-тата година, на протестите во Болотној во Москва, опозицијата го повикува народот на мирни демонстрации, и се обидува на улиците да изведе “учители, менаџери, работници и лекари” и да ги натера да предизвикаат нереди и судири со полицијата. Потоа ќе ги заборави и остави во затворите, како што било случај во 2012-тата година.

Tocka.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1