Поранешен британски војник, кој тврдел дека принцезата Дајана ја убиле припадници на специјалната единица САС, исчезнал од Британија пред полицијата да го сослуша.
– Војникот е клучен за истрагата бидејќи тој прв ги изнесе тврдењата. Притисокот врз него растеше откако веста се појави во медиумите и по најавата дека полицијата ќе сака да го сослуша. Никој не знае зошто заминал – кажал полициски извор.
Војникот, наводно, на својата сопруга и кажал дека сообраќајната несреќа во Париз била предизвикана од силната светлина што екипа на САС ја насочила кон возачот на Дајана.