Вратете се малку назад во времето и потсете се како вам ви мина детството. Познати ли ви се овие ситуации 🙂
Превземено од – Sale J
Се сеќаваш ли кога бевме деца:
- -од WC викавме “Мамо! Готов сум”.
- -ѕвоневме на вратата на комшијата и бегавме
- -гo истуравме цело tic-tac пакетче во уста и од него пиевме вода.
- -мразевме кога на роденден ќе ни подареа облека наместо играчка
- -пиевме сок од јаболка или вишна и се преправавме дека пиеме вино.
- -гледавме цртани во 7 и 15, а потоа знаевме дека е време за спиење
- -најстрашниот човек беше “старо купувам”
- -жмуревме кога на ТВ ќе имаше љубовна сцена
- -им се кривевме на луѓето кој возеа позади нашиот автомобил
- -пушевме грисини -фаќавме снегулки со јазикот
- -гњуревме во када
- -правевме шатори од столици и ќебиња
- -си игравме купувач и продавач
- -читавме стрипови и се разменувавме со нив
- -крадевме цреши, јаболка, круши и цвеќиња
- -војувавме со децата од другото маало
- -правевме чатали, стрели и пушки на тапи
- -се радувавме на сите вујковци и чичковци од Америка, Германија …
- -распустот го поминувавме со баба и дедо
- -наместо креда кршевме цигли за да цртаме на асвалтот
- -крадевме песок и цемент и градевме бункери
- -си игравме жмурки, камај, џамија,школка, народна
- -со брканица се загревавме
- -кога трчавме на дождот без никаква цел
- -кога раскажувавме филмови на клупа
- -кога ги криевме мачињата, поголемите деца да не ги најдат
- -цел ден игравме фудбал во прашината и кога ќе се вратевме дома, не не препознаваа
- -се пукавме со црвенки
- -се враќавме дома само да ни дадат
- сендвич и пак се враќавме надвор
- -кога роднините ќе ни дадеа пари за на флипери
- -кога сите бевме во банди и имавме тајни
Детството на денешното дете се сведува на ТВ, компјутер, плејстејшн, мобилен или на некоја слична технолошка справа. Драги родители, поклонете им го детството на вашите деца- го заслужуваат!!