Какво време нè очекува викендов?


За време на викендот ќе се задржи сончево време со ниски утрински температури. Во понеделник и вторник ќе има зголемување на облачноста, а во текот на ноќта кон вторник ќе има услови за провејување на краткотраен снег. Од среда повторно ќе биде претежно сончево.

Foto - flickr.com

Foto – flickr.com

Стабилното и суво време ќе овозможи одлевање на водите во поплавените подрачја со повлекувањето на реките, но проблемот со високите подпочвени води ќе остане подолго време актуелен додека не се отцедат тие почви.

Сувото време ќе им овозможи на лозарите и овоштарите интензивно да работат на кроење на виновата лоза и овошките, операција со која доцнат оваа година токму поради големите врнежи и високата површинска влага.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1