Тешка сообраќајка на патот Прилеп-Битола, едно лице загина


Сообраќајна несреќа на патот Прилеп – Битола каде што автомобил со скопски регистарски таблички од засега непознати причини излетал од автопатот и се превртил во еден од доловите, објави порталот Шеталиште.SRBIJA NOVI SAD STEFANOVIC POLICIJA

Според информациит, во несреќата загина 75 – годишна жена, а има и повредени лица кои моментално сите се наоѓаат во Клиничката болница во Битола.

Во несреќата П.Ј.(58) од Скопје, управувајќи возило „Пежо 207“ со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над истото и излетал од патот во нива.

Во незгодата со телесни повреди се здобил возачот и неговата сопруга П.Н.Ј.(57), додека сопатничката Цветанка П.(74) од Битола се здобила со тешки телесни повреди, при што починала во Клиничка болница Битола.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1