Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, но во крајните северозападни и североисточни планински предели ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд со можни ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Утринската температура ќе се движи од 11 до 20, а дневната од 28 до 36 степени.
Во Скопје времето ќе би сончево и топло со мала облачност, а ќе дува и слаб југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 33 степени.
Во охридско-преспанскиот регион ќе биде сончево и топло со слаб југозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 32 степени. Во дојранскиот регион ќе биде сончево и претежно тивко. Утринската ќе се спушти до 20, а дневната ќе достигне до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе се задржи стабилно, суво и топло време, но во одделни денови ќе има услови за локална нестабилна облачност која ќе биде проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Умерен до засилен северен ветер ќе дува во недела попладне кој ќе предизвика в понеделник посвежо време и паѓање на температурата за четири до пет степени.