Кам маркет вработува директор и менаџер – плата 75 и 60.000 ден


Директор на набавки

denari-1_011110Вие треба да ја преземете одговорноста за редовна и сигурна набавка, квалитети најповолна цена.

Ваши задачи:
– раковадење, обучување и мотивирање на тимот од соработници од 15 лица
– креирање на асортиманот согласно утврдените принципи на компанијата;
– самостојно договарање, подготвување и предлагање на договори со добавувачи;
– водење на секторот Набавка и директно известување кон управата (генералниот директор):
– избирање оценка на добавувачите;
– следење на понудата и конкуренцијата;
– натамошен развој на трговски марки
– предлози зо реклами и акции;
– изготвување предлози за елиминирање и воведување производи согласно концептот на хард-дисконт;
– раководење со дневни, неделни и месечни контроли на квалитетот;
– управување со оперативни процеси;

Ваш профил:
– имате завршено економски факултет;
– располагате со обемно познавање на браншата и артиклите;
– имате искуство од минимум 10 години на раководна позиција во компании кои се занимаваат со дистрибуција; искуството со дистрибуцијата на брендови од странски компании ќе се смета за предност;

• имате одлично познавање на MS Office, напредно познавање на MS Office Excel;
• одлично познавање на германски или англиски јазик;
• решителност, уверливост и способност за работа под притисок;
• имате возачка дозвола ад Б-категорија,

Основната нето плата предвидена за оваа позиција е 75.000 денари месечно (нето), односно 113.048,00 денари бруто. Дополнително се исплаќа бонус на крајот на годината.

Работно време: од 08:00 до 16:00 часот од понеделник до петок.

Маркетинг менаџер

Ваши задачи:
– изработка и спроведување на маркетинг планови и маркетинг стратегија на компанијата;
– подготовка на буџетот за маркетинг во соработка со останатите членови на менаџерскиот тим;
– подготовка и реализирање на медиа планови;
– подготовка на неделни и дневни информации за рекламни (принт огласи) за печатени медиуми; организирање на изработка на летоци, огласи;
– следење на странски и домашни реклами од областа;
– контакти со медиуми / маркетинг агенции;
– Event management – изготвување предлози за организирање на промоции и презентации – позиционирање на акциски производи;
– осмислување и следење на резултатите од акциите;
– раководење и обучување на останатите членови на секторот Маркетинг.

Ваш профил:
– високо образование од областа на економија или маркетинг менаџмент;
– работно искуство во областа на маркетинг минимум 5 години;
– искуството стекнато ва маркетинг агенција ќе се смета за предност;
– имате одлично познавање но MS Office, особено напредно познавање на MS Office Excel, Illustrator, CorelDraw, Photoshop;
– имате одлично познавање на англиски и германски јазик
– самостоен сте и ориентиран кон резултати;
– имате одлични комуникациски, организациски, презентерски способности и чувство за естетика и уредност.

Основната нета плата предвидено за оваа позиција е 60.000 денари месечно (нето), одноно 90.216,00 бруто.

Работно време: од 08:00 до 16:00 часот од понеделник да петок.

Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани сте и подготвени за нови успеси, испратете Ваша биографија (CV) на долунаведената е-пошта или адреса. Рокот за пријавување е најдоцна до 10.03.2014. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

КАМ ДОО Скопје ул. „Индустриека” бб Скопје (Товарна) [email protected]

Краен рок за пријавување: 10.03.2014
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1