Неколку инциденти се случиле ноќеска низ Скопје – каменувани градски автобуси, претепан патник, нападнатo патничкo возило.
Патникот бил нападнат во 00,45 часот во Скопје, во автобус 57, на автобуската постојка кај маркетот „Чаирче“. 15 млади лица влегле во автобусот и го навредувале патникот. Тој се симнал на наредната станица кај кино „Бутел“, а по него се симнале и момчињата. Физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци по телото и главата.
Во периодот од 23,00 до 23,45 часот на бул.„Крсте Мисирков“ поточно кај „Еуро Тулс“, повеќе НН лица извршиле каменување врз автобус на ЈСП, кој сообраќал на линија 50, при што искршени биле неколку прозорци. Освен автобусот, каменувано е патничко возило “Шкода“.
Во 19,00 часот во Скопје, кај ТЦ-Мавровка, Д.П. додека се движел со „Лада 110“, 7-8 млади лица со шипки почнале да удираат по возилото. Истата група кај „Холидеј Ин“ фрлале камења врз автобус на ЈСП кој сообраќал на линијата 50, по што се упатиле кон Судска палата и каменувале друг автобус сопственост на ЈСП, при што се искршени неколку стакла.