Камион со приколка кој се движел од населбата „Карпош“ кон Куманово денеска излета од патот и удри во бетонска ограда на објект лоциран во непосредна близина на патот, пренесува МИА.
СВР Куманово информира дека сообраќајната незгода се случила во 12:15 часот и оти нема повредени лица.
Екипи на СВР Куманово вршеа пренасочување на сообраќајот додека камионот се извлекуваше со кран.