Во мирна атмосфера без провокации и инциденти поминала ноќта во кампот на ДУИ што вчера беше поставен во населбата Бутел на местото каде треба за два месеци да биде поставен крст висок 51 метар.
Како што велат од ДУИ остануваат во кампот додека општината Бутел не ја повлече одлуката за поставување на крстот.
– Во кампот остануваат околу 150 луѓе и ќе бидат таму се додека не се промени одлуката за поставување на крстот вели Наим Салиу.