Ги истренирал пчелите да му прават мед од марихуана (ВИДЕО)


Пчелите отсекогаш биле вредни инсекти во природата кои создаваат сладок здрав мед. Еден 39-годишен Французин одлучил да направи нешто необично со своите пчели.pceli marihuana

Тој успеал да ги истренира своите пчели да му произведуваат мед од марихуана. Медот кој го добива од марихуаната Николас го нарекува „КанаХани“. Според неговите зборови, пчелите jaизвлекуваат смолата од конопот, која тој ја смета за многу лековита.

– Ги научив да собираат шеќер од овошјето наместо цветовите – изјавил за медиумите Николас кога го запрашале за неговите истренирани пчели.

Со оглед на тоа што немаат ендоканабиноден состав, марихуаната не им наштетува на пчелите, туку за нив претставува еден вид на храна. Пчеларот смета дека се што ќе помине низ нивното тело, подоцна излегува подобрено.

Сепак, оваа интересна идеја не е новост. Постојат информации за обидите на научниците и пчеларите да вбризгаат марихуана во медот, но тоа досега никој не успеал да го изведе. Францускиот пчелар изгледа дека е прв во тоа да добива мед од канабис кој го прават неговите истренирани пчели.

This Guy Taught Bees How To Make Honey Out Of Cannabis ResinTheses bees make honey that can get you high

Posted by NowThis Weed on Wednesday, 2 March 2016

Николас инаку е љубител на природата и на инсектите, и е голем заговорник за медицинскиот коноп. Со пчеларство се занимава преку 20 години. Дресурата на пчелите за производство на мед од коноп ја проучува од 2006 година, а пред три години се покажал првиот успех со овие „истренирани пчели“ кои сега произведуваат мед од канабис.

Николас засега поседува 30 кошници со пчели, а својата работа планира да ја продолжи во Шпанија, каде се помали ограничувањата и има повеќе професионалци во полето на пчеларството.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1